По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, локалната самоуправа го украси градскиот плоштад со традиционални велигденски јајца.

Плоштадот е украсен со велигденски дрвца со шарени јајца, кои веќе години наназад стануваат дел од начинот на одбележување на овој празник.

Велигденското украсување на домот внесува дополнителна радост во славањето на новиот живот. Оттука и идеата да се украси и градскиот плоштад со  црвени велигденски јајца кои ќе светнат на Велики Четврток, кога пред изгрејсонце се вапцува едно црвено јајце кое се смета дека има заштитна моќ и се чува на посебно место во куќата до следниот Велигден.“ – велат од локалната самоуправа.

Исто така, во градскиот парк е поставено двометарско велигденско јајце и осум мали велигденски јајца.

OhridNews