Од 23 март, четврток, до 31 март градскиот стадион „Билјанини Извори” (фудбалскиот терен) ќе биде затворен за користење, информираат од ЈП „Билјанини Извори”.

Месец март вообичаено е месец кога се вршат активности поврзани со фудбалскиот терен, а се со цел, подобрување на условите за тренирање и натпревари на фудбалските тимови. Вработените во одделението градски стадион од четврток ќе започнат со реализација на предвидените активности и тоа аерификација, ѓубрење и садење на трева, велат од претпријатието.

Воедно упатуваат благодарност до сите за разбирањето и соработката, посебно на фудбалските школи и тимови.

OhridNews