Развојните планови за изградба на скијачки  центар “Галичица“, на градска марина, развојниот  план за постоечките авто кампови, за  индустриската  зона Мауцкер, беа на дневен ред на денешната четврта по ред седница на Локалниот економски совет со кој претседаваше градоначалникот Никола Бакрачески.

Градските татковци расправаа и за новите авио летови кои се предвидуваат да стартуваат од охридскиот аеродром, како и за  потребата  од  план  и изградба  на Дом за стари лица, за активностите за промовирање на Брошурата „ Инвестирај во Охрид“ ,за  иднината на времените објекти на територијата на општина Охрид ,  за  судбината на стопанските субјекти кои во моментов не функционираат, како и за изработка на конзистентна стратегија за развој на градов.  

Од локалната самоуправа информираат дека денес презентираните предлози ќе  послужат како водич за реализација на заложбите за подигање на локалниот економски раст , стимулирањето на  вработувањето и подигањето на стандардот на жителите на Охрид .   

OhridNews