– Јас лично не се сложувам со тврдењата дека цените во угостителските објекти во Охрид се превисоки. Она што треба да се направи е да се подобри квалитетот на услугите, и како второ да се направат обиди цените да се намалат вон сезона со што тие ќе бидат прифатливи и за охриѓани , изјави секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Овие мерки предложени од страна на градските татковци се едни во низата за подобрување на имиџот на градот. Она за што се залагаат е и подобрување на инфраструктурата , се со цел Охрид повторно да се најде на мапата на најпосетувани туристички места во регионот.












