Екипата на Рома со судни маки ја совлада Чезена (2-1) и закажа средба со градскиот ривал Лацио во полуфиналето во Купот на Италија.


Херој на „волчицата“ беше капитенот Франческо Тоти кој длабоко во судиското продолжение постигна гол од пенал вреден пласман меѓу најдобрите четири. Претходно за водство на Рома погоди Џеко, а резултатот го изедначи Гаритано.


Лидерот во Серија А, Јувентус и тимот на Наполи ја сочинуваат втората полуфинална двојка во Купот на Италија.

OhridNews