Лутите градски ривали Рома и Лацио за прв пат ќе се сретнат во финалето од Купот на Италија. Финалната средба ќе се одигра на 26 мај, а стадионот ќе биде дополнително одреден.


Во реванш натпреварот од 1/2 финалето од Купот, Рома не само што успеа да ја одбрани предноста од Олимпико (2-1), него уште еднаш го совлада Интер овој пат со 3-2 пред своите гледачи.

Натпреварот одлично почна за “нероазурите“ кои преку Џонатан поведоа со 1-0, но тука некаде застанаа. Дестро со два погодоци во низа направи комплетен пресврт, а Торосидис со маестрален погодок зголеми на 3-1. Конечните 3-2 ги постави Рики Алварез во финишот од мечот.

Претходно во второто полуфинале Лацио го елиминираше Јувентус и со Рома обезбедија вистински спектакл во финалето од Купот.

Мх.П.