Градските ривали Арсенал и Челси ќе ги одмерат силите во 1/2 финалето на англискиот Лига куп, додека Бристол Сити кој сензационално го елиминираше Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Манчестер Сити.

„Топчиите“ за влез во 1/2 финалето елиминираа еден градски ривал Вест Хем, додека Челси го прескокна Бурнмаут.

Бристол Сити го приреди најголемото изненадување последниве сезони елиминирајќи го Манчестер Јунајтед, кој минатата сезона го освои пехарот, а лидерот во англиската Премиер лига на пенали го помина Лестер.

Полуфиналните мечеви ќе се играат на 9 и 10 јануари следната година, а финалето е закажано за февруари месец на Вембли стадионот.

Сензација во Лига купот, Бристол го исфрли Манчестер Јунајтед (видео)

OhridNews