Градското дерби на Олд Трафорд меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во 4-та рунда од Премиер лигата ќе сруши неколку рекорди во светскиот фудбал.


Посебен шмек на овој дуел кој веќе има светска популарност ќе дадат менаџерите на екипите Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола. Старите ривали од Ла Лига во времето кога ги водеа Реал Мадрид и Барселона прв пат ќе ги одмерат силите во Премиер лигата.

На теренот Мурињо и Гвардиола ќе истрчаат со фудбалери на кои вкупна вредност им е 820 милиони евра, што ќе преставува нов рекорд во фудбалот.

Дербито за Манчестер ќе го симне Ел Класико од тронот за дерби со најскапи актери на теренот. Во 2015 година фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона беа проценати на 668 милиони евра.

Исто така дербито в сабота со почеток во 13 и 30 часот се очекува да ја сруши гледаноста во Англија и Европа. Мечот ќе биде пренесуван во 45 земји од стариот континент и уште толку надвор од него.

Во пресметката на Олд Трафорд, Мурињо и Гвардиола влегуваат со стопроцентен ефект во досегашните три мечеви што гарантира атомски фудбал.

OhridNews