Англичанецот Марк Клатенбург ќе го суди финалето во Лигата на шампионите помеѓу мадридските тимови Реал и Атлетико, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).


Клатенбург, оваа сезона ја делеше правдата на шест натпревари во Лигата на шампионите, на Атлетико му судел два, а на Реал еден натпревар.

Овој 41-годишен Англичанец, в недела, ќе биде главен судија на финалниот меч во ФА купот, помеѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.

Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 28.мај во Милано. 

УЕФА, во вторникот, одлучи финалето во Лига Европа, кое на 18.мај во Базел ќе го одиграат Ливерпул и Севилја, да го суди Швеѓанецот Јонас Ериксон.

OhridNews