Жителите од охридската населба „Канео“, се жалат дека улиците во старото охридско јадро не се соодветно осветлени.

Како што велат- патот кон „Канео“ буквално е во темница.

Ноќе ништо не се гледа, светилките кои беа порано поставенни сега не работат. Оттука поминуваат голем број туристи кои ја посетуваат црквата „Св. Јован“ – Канео, а за велигденските празници улиците се полни со странски гости.“ – вели жител од населбата „Канео“.

Граѓаните се надеваат дека надлежните институции во скоро време ќе постават светилки во близина на музејот и соодветно ќе биде осветлен патот кон населбата „Канео“.

О.Т.