Иако уличното осветлување во поголемиот дел на Охрид е функционално, сепак делови од некои населби вон централното градско подрачје се наоѓаат во мрак.
Жителите од населбата „Охридати“ велат дека со овој проблем се соочуваат веќе една година, а причините ги наведуваат во недостаток од осветлување во блоковите „Б“ и „Ц“. Како што тие потенцираат, улични светилки има само на половина од нивната улица.
„Проблемот го имаме веќе година дена. Осветлено е само до половина улица, до онаму каде има улични светилки. Некои се прегорени, некои не. Но помеѓу блоковите „Б“ и „Ц“ е целосен мрак, бидејќи воопшто нема осветлување па мора сами да се снаоѓаме.“ – велат жители од населбата „Охридати“.
Како што потенцираат нашите соговорници, потегот е најчесто осветлен од поединци, сопственици на индивидуални станови во овој дел на градот.
„Моравме да поставиме лично наша сијалица која е поврзана на наша струја, како не би било страв и трепет на улицата. Мислам дека тоа не е во ред, бидејќи сите сме граѓани на Охрид, а меѓудругото плаќаме улично осветлување.“ – реагираат охриѓани.
единствената светилка на овој потег која е нефункционална
Тие се надеваат дека надлежните во идниот период ќе преземат активности за поставување улични светилки на овој потег, со цел изнаоѓање решение за проблемот со кој се соочуваат жителите од блоковите „Б“ и „Ц“ во населбата „Охридати“.
Од локалната самоуправа информираат дека доколку граѓаните имаат проблеми со уличното осветлување, треба да достават писмено или усмено барање до надлежните служби во Секторот за комунален развој, со бројот на сијаличното место.
„Доколку често се случува ова, тогаш станува зор за посериозен проблем кој треба да се пријави.“ – информираат од локалната самоуправа.
O.T.