Веќе подолг временски период, граѓаните од старото охридско јадро се жалат дека голем број автобуси сообраќаат по тесната улица „Св. Кирил и Методиј“ која води до Горна порта, при што често пати овој потег е целосно блокиран за сообраќај.

Секоја пролет се случува туристичките водичи заедно со автобусите да ги носат патниците према Горна порта, а патот е тесен и не можат да стигнат до посакуваната дестинација. Често пати, патот е целосно блокиран, а граѓаните од околните куќи се во страв поради можни превртувања на автобусите.“ – вели жител од стариот град.

Жителите од оваа населба се надеваат дека надлежните на овој потег ќе постават соодветен сообраќаен знак, со што целосно би се забранил сообраќајот за автобусите на оваа релација.

OhridNews