Англискиот првак скапо ја плати победата над Евертон 1-0 на „Етихад“ откако посериозна повреда заработи Серхио Агуеро.


Тој по првите прогнози ги повредил вкрстените лигаменти од коленото што ако е така ќе го оддалечи од терените шест месеци или до крајот на сезоната.

Аргентинецот е лидер на „граѓаните“ сезонава постигнувајќи 14 погодоци во досегашните 15 натпревари во Премеир лигата.

Отсуството на Агуеро сигурно ќе биде голем хендикеп за Сити во борбата за титулата бидејќи останаа само со еден напаѓач и тоа Един Џеко.

Мх.П.