Германскиот репрезентативец Лерој Сане и англискиот Џон Стоунс се на прагот да го засилат тимот на Манчестер Сити.
Сане, Шалке и клубот од Етихад се во завршни преговори, а иста е ситуацијата и со дефанзивецот на Евертон, Стоунс кој е голема желба на Пеп Гвардиола.
За ангажманот на Сане се пишуваше и претходно, а Стоунс само се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити.
Екипата од Гудисон Парк ја прифати понудата од „граѓаните“ висока 50 милиони евра за услугите на перспективниот дефанзивец.
Ако Сити успее да ги донесе овие двајца фудбалери ќе стигне до вкупно пет засилувања, претходни три се Нолито, Илкај Гундоган и Александар Зинчек.
„Граѓаните“ близу нови две засилувања
OhridNews