Апелите на жителите од улицата „Сатеска“ за опасноста од оштетените бандери не вродија со плод.
Откако надлежните се оглушија, под влијание на гравитацијата накривените бандери на оваа улица почнаа да паѓаат во дворовите на граѓаните и да го оштетуваат нивниот имот. За среќа никој не е повреден.
Жителите од улицата „Сатеска“ се револтирани од одност на одговорните и корисниците на инсталациите и најавија дека ќе поднесат тужба за надомест на штета.
OhridNews














