Квинс Парк Ренџерс ги загуби и најмалите шанси за опстанок во Премиер лигата претрпувајќи убедлив пораз од Манчестер Сити 6-0 во 36-та рунда.


Хет-трик во високата победа на „граѓаните“ реализираше Серхио Агуеро, а по еднаш мрежата на КПР ја погодија Александар Коларов, Џејмс Милнер и Давид Силва.


На КПР друштво од следната сезона во Чемпионшип ќе му прави и тимот на Барнли, кој исто така ќе се збогува од елитното друштво во Англија.

Мх.П.