Екипите на Манчестер Сити и Ливерпул ќе се сретнат во финалето од англискиот Лига Куп на 28 февруари на легендарниот стадион Вембли.


„Граѓаните“ пласман во големото финале обезбедија елиминирајќи го Евертон во полуфиналето. Манчестер Сити пред своите гледачи со победа (3-1) ја надохнади негатива (2-1) од првиот меч и закажа пресметка со Ливерпул.


Во неколку анкети во Англија, навивачите и неутралните љубители на фудбалот посакуваа градска пресметка меѓу Евертон и Ливерпул во финалето.

„Црвените“ во полуфиналето го елиминираа Стоук по подобро изведување на пеналите.

OhridNews