Англискиот првак Манчестер Сити со уверливи 3-0 го совлада Кристал Палас во првиот натпревар од 17-та рунда во Премиер лигата.
„Граѓаните“ мечот пред своите гледачи го одиграа без класичен напаѓач во составот, но тоа не им пречеше на останатите фудбалери кои покажаа завидни способности во нападот.
Шпанскиот репрезентативец Давид Силва погодуваше два пати за 1-0 и 2-0, а печат победата стави Јаја Туре во 81-та минута.
Резултати : Мен Сити – Кристал Палас 3-0, Астон Вила – Мен Ју, Хул – Свонси, КПР – ВБА, С`тон – Евертон, Тотенхем – Барнли, Вест Хем – Лестер.
Мх.П.