Младиот бразилски напаѓач Габриел Јесус (19) е новото засилување на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити. Јесус важи за еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал, а меѓу ‘граѓаните’ доаѓа од Палмеирас за цена од 30 милиони евра отштета, чиј дрес го носеше од 2013 година. 


– Манчестер Сити е еден од најголемите клубови на светот, а уште повеќе ме радува што ќе ме тренира Пеп Гвардиола. – изјави младиот Бразилец, а пренесува „Макфакс“.

Јесус минатата сезона во 30 настапи постигна 19 голови, додека како помлад, на 48 меча постигна 54 голови. Младиот напаѓач е добар пријател на Нејмар, кој се обидел да го наговори да дојде во Барселона, но Сити бил побрз.

Јесус е петтото засилување што Гвардиола го донесе на Етихад. Редовите на ‘граѓаните ги засилија Лирој Сане од Шалке, Илкај Гундоган од Борусија Дормунд, Нолито од Селта, како и Олександер Зинченко од Уфа. Сити за сите нив потроши 130 милиони евра.

OhridNews