Манчестер Сити е најновата екипа која е во потера на Челси, откако со триумфот над Бурнмаут (2-0) ја „раситна“ двоцифрената предност на „сините“ на табелата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ во последниот меч од 25-та рунда со по еден гол во двете полувремиња обезбедија три бодови кај незгодниот тим на Бурнмаут. Стерлинг погоди во првиот дел, а Тајрон Мингс со автогол во второто полувреме му пресуди на својот состав.
Со новите три бодови Манчестер Сити се искачи на втората позиција и има осум бодови негатива од лидерот Челси кој синоќа ремизираше со Барнли 1-1 .
OhridNews