Граѓаните ќе аплицираат за новите 50 електронски продавници
29.11.12 07:00
Со отворањето на нови електронски продавници што ќе бидат конкурентни на западните земји, ќе се подига свеста кај граѓани за моќта на интернетот. Во текот на следната недела, Министерството за информатичко општество и администрација ќе распише нов оглас за отворање на интернет продавници.
Според Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, на првиот конкурс кој беше наменет за 50 електронски продавници, аплицирале само 32 бизнис планови. „Свеста во државава за електронските продавници е неизградена. Се уште владее чувството на страв од можен криминал и злоупотреба на податоците. Но тоа не е точно, ниту логично.“ – вели ресорниот министер.
Ивановски ги охрабрува сите заинтересирани лица да се пријават на новиот оглас, што од наредната недела ќе биде јавно објавен. „Македонија има развиено информатичко општество и затоа во секој бизнис може да се постават електронски продавници, кои ќе бидат конкурентни на западноевропските земји. Наредната недела ќе се објави нов конкурс за 50 компании, кои ќе можат да отворат свои интернет продавници. Компаниите преку нив, би ги пласирале своите производи низ целиот свет“ – додава министерот.
Инаку, втората електронска продавница во земјава деновиве и официјално беше промовирана во Охрид.
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедн...
ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето Програмата ќе започне во 18:30 часот со изложба на ликов...
Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.