Граѓаните ќе го избираат македонскиот домен за интернет
20.11.12 07:00
До 3-ти декември, македонските граѓани ќе можат да испраќаат предлози за тоа кој кириличен домеин најадекватно би ја претставувал земјава во меѓународниот интернет простор. Новиот национален кириличен домен ќе им овозможи на македонските граѓани, да го користат интернетот на своето македонско кирилично писмо.
Според македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, домеинот ќе мора да го означува името на земјава и нејзините специфични карактеристики. „Предлозите кои ги исполнуваат критериумите за да станат интернационален домеин, ќе бидат ставени на гласање на веб порталот на МАРнет. По завршување на гласањето, предлогот со најголем број гласови ќе биде ставен во официјалното барање за започнување на процесот за добивање на врвниот кириличен домеин за државава“ – истакнува директорот на МАРнет, Сашо Димитријоски.
Инаку, досега само четири земји имаат воведено кириличен домеин во интернет просторот. После Русија, Србија, Казахстан и Монголија, Македонија ќе биде петтата земја која ќе има кирилична верзија на домеин.
Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за сла...
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.