Фудбалерите на Челси се нови предводници на табелата во Премиер лигата по одигрување на дел од мечевите од 11-та рунда од шампионатот. „Сините“ на врвот од табелата се искачија по убедливиот триумф над Евертон (5-0) на Стемфорд Бриџ и ремито на Манчестер Сити со Мидлзброу (1-1) на домашен терен.


Челси, победникот на мечот со Евертон го реши со три голови во првиот дел. За домаќините стрелаа прецизно Еден Хазард, Марк Алонсо и Диего Коста. Гол шоуто во вторите 45 минути го продолжи Хазард со вториот гол и Педро Родригез.

„Граѓаните“, пак, во финишот од мечот со повратникот во Премиер лигата, Мидлзброу останаа без трите бодови. Гостите во првата минута од судиското продолжение со голот на Мартен де Рон ја анулираа миналната предност која домаќините ја стекна преку Кун Агуеро.


Резултати: Бурнмаут – Сандерленд 1-2, Барнли – Кристал Палас 3-2, Мен Сити – Мидлзброу 1-1, Вест Хем – Стоук 1-1, Челси – Евертон 5-0.

Табела: Челси 25, Мен Сити 24, Арсенал 23 (-1), Ливерпул 23 (-1), Тотенхем 20…

OhridNews