Акцијата за собирање на отпад од електрична и електронска опрема која на 18, 19 и 20-ти април  се одвиваше на два собирни пунктови во општина Охрид заврши успешно. Голем број институции, фирми и граѓани се одѕваа на повикот за собирање на овој вид отпад кој спаѓа во опасен отпад и не смее да се меша со останатиот комунален отпад.


Во тридневната акција собрани се повеќе од сто монитори, исто толку компјутерски процесори, принтери, тастатури и останата компјутерска опрема, како и  правосмукалки,телевизори, телефони, радио апарати, касетофони, факсови, звучници и друга опрема. Целиот овој отпад е собран и соодветно ќе биде третиран од фирма која од Министерството за животна средина и просторно планирање има дозвола за постапување со овој вид отпад.


   
Секторот за урбанизам и заштита на животна средина изразува задоволство од успешноста на акцијата и покажаната еколошка свест на граѓаните на Охрид и нагласува дека и во иднина ќе продолжи со организирање на слични акции.

`OhridNews