Со цел подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните од сферата на урбанизмот, денес, во општинската зграда почнаа да се одржуваат најавените средби на кои охриѓани имаат можност од стручните служби при локалната самоуправа, да добијат совети по нивни предмети од областа на урбанизмот .

На денешната прва реализирана средба, над 100 странки имаа можност да се консултираат, да добијат стручно милење, појаснување, упатства и насоки за секој предмет пооделно.

Следната закажана средба со граѓаните е на 12- ти ноември, вторник, на која ќе присуствуваат претставници од општинскиот Сектор за урбанизам , кои со свои совети ќе им бидат на располагање на заинтересираните граѓани.

OhridNews