Минатата година до Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) пристигнале 1.823 поплаки за јавните услуги. Граѓаните најмногу се жалат на јавните услуги, гаранциите и
неквалитетните производи. Незадоволни се од услугите во доментот на
кабелската телевизија, електричната енергија, мобилната
телефонија, топлификацита и.т.н.
Во однос на исхраната, граѓаните најмногу поплаки имале за производи со поминат рок, неквалитетни производи и за декларирањето на производите.
Од почетокот на годината досега, во ОПМ пристигнати се 2.304 поплаки од кои повторно најголем дел се однесуваат на услугите од јавен интерес, гаранцијата и квалитетот на производите.