Последната 38-та рунда ќе ги даде четирите патници во најеминетното клупско натпреварување Лигата на Шампиони, откако Манчестер Сити и Арсенал забележаа победи над ВБА (3-1) односно Сандерленд (2-0) во заостанатите натпревари.
„Граѓаните“ рутински се справија со тимот на ВБА победувајќи го на Етихад со 3-1, додека Арсенал на крилата од Алексис Санчез кој постигна два голови во вториот дел ги скротија „црните мачки“ на Емирати.
Разликата меѓу овие два тима остана три бодови, но „топчиите“ се доближија на бод од Ливерпул во пресрет на 38-то коло во Премиер лигата.
OhridNews