Доколку не платат паркинг во зоната за паркирање со наплата граѓаните се соочуваат со блокирање на возилото. Еден таков случај деновиве улови фото објективот на наш читател.
Граѓаните велат дека не се доволно информирани каде се се’ наплаќа паркинг во Охрид. Деновиве зоната на паркинг со наплата е проширена на делови од „Димитар Влахов“, но граѓаните забележуваат дека нема соодветен знак кој ќе ги предупреди дека паркирањето се наплаќа.
Од секторот за сообраќај при општина Охрид, информираат дека по разрешување на целокупната ситуација околу паркирањето во градот, ќе биде поставена соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација.