Манчестер Сити го задржа стопроцетниот ефект во Премиер лигата по шест мечеви, откако во шестата рунда на Либерти го совладаа Свонси со 3-1.
Пулените на Пеп Гвардиола одлично со погодокот во 9-та минута на повратникот во екипата Кун Агуеро го отворија мечот. Домаќините по само четири минути игра резултатски во игра по израмнувачкиот погодок на Фернандо Љоренте.
„Граѓаните“ на свое место работите ги донесоа во вториот дел. Со вториот гол на мечот, Серхио Агуеро донесе водство овој пат 2-1, а печат на победата стави Рахим Стерлинг.
Резултати: Мен Ју – Лестер 4-1, Бурнмаут – Евертон 1-0, Ливерпул – Хул 5-1, Мидлзброу – Тотенхем 1-2, Стоук – ВБА 1-1, Сандерленд – Кристал Палас 2-3, Свонси – Мен Сити 1-3, Арсенал – Челси.
Табела: Мен Сити 18, Тотенхем 14, Ливерпул 13, Евертон 13, Мен Ју 12…
OhridNews