Клубот од Етихад, Манчестер Сити го комплетираше и промовираше трансферот на Кајл Вокер од тимот на Тотенхем. „Граѓаните“ на „петлите“ им исплатија 54 милиони фунти со кои Вокер стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Англискиот репрезентативец ќе го носи бројот 2 на дресот, а после промоцијата изјави – Јас сум почестен што потпишав за Манчестер Сити и со нетрпение го очекувам стартот на сезоната. Исто така возбуден сум што ќе имам можност да работам со Пеп Гвардила кој е еден од најдобрите менаџери. Сигурен сум дека со неговите совети мојата игра ќе се подобри и од тоа ќе имаме бенефит сите.
Вокер е трето засилување за Манчестер Сити во летниот преоден рок. Претходно „граѓаните“ на Етихад ги доведоа Бернандо Силва од Монако и голманот Едерсон од Бенфика.
OhridNews













