Манчестер Сити се приклучи и изби на врвот во борбата за потписот на Џејмс Варди откако понуди вртоглави 35 милиони фунти.
Напаѓачот на Лестер сезонава брилира во Премиер лигата и заедно со Ријад Марез го сочинуваат убиствениот тандем на Лестер кој ги чува на врвот.
„Граѓаните“ со ангажирањето на Варди ќе го решат проблемот во нападот кој дојде по честите повреди на Серхио Агуеро и слабата форма на Вилфред Бони.
Иако пред одредено време менаџерот на „лисиците“, Клаудио Раниери отфрли било каков трансфер на дуото Варди – Марез милионите на Сити лесно можат да го премислат раководството на Лестер.
Ohridnews











