Манчестер Сити го совлада Арсенал со пресврт (2-1) во дербито на Етихад во рамките од 17-та рунда во Премиер лигата.
„Топчиите“ во 4-та минута од мечот поведоа со 1-0 благодарание на голот од Тео Волкот. Гостите од Лондон потклекнаа во втората минута од второто полувреме, кога Лерој Сане изедначи 1-1. Во 71-та минута Рахим Стерлинг погоди за 2-1 и го постави конечниот резултат.
Избраниците на Пеп Гвардиола со трите бодови го прескокнаа Арсенал на табелата и се искачија на втората позиција.
Резултати: Бурнмаут – Саутемптон 1-3, Мен Сити – Арсенал 2-1, Тотенхем – Барнли 2-1.
Табела: Челси 43, Мен Сити 36, Ливерпул 34 (-1), Арсенал 34, Тотенхем 33, Мен Ју 30…
OhridNews