На градот покрај туризмот, неопходен му е развој на силно стопанство кое ќе ги врати граѓаните на работа.“  – потенцира градоначалникот на Охрид Александар Петрески, пред охриѓани кои и вечерва беа дел од Граѓанскиот парламент, одржан пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на градот.

Охрид е голем, за да  може да живее само од туризам. Некогаш беше најразвиен центар, затоа што имаше јако стопанство. Од централната власт градат индустриски зони, кои кај нас веќе се изградени. Ни требаат силни инвестиции во оваа гранка, за граѓаните да се вратат на работа. Затоа во јуни или септември, неизбежно е одржување на парламентарни избори. На локалните, уште во првиот круг ќе ги победиме со повеќе од 3500 гласа. Нема сила која ќе може да не победи.“ – истакна Петрески пред присутните охриѓани.

Томчо Алексовски од СДММ, магистер по педагогија, заедно со младината најостро ги осуди последните случувања од 24-ти декември.

Нарушена е и така кревката демократија во земјава. Ова е диктатура. Слободната мисла во новинарството веќе не постои. Ако граѓаните презентираат тект во кој ја критикуваат власта, летаат од работа. Ние младите од Охрид и Дебрца, нема повеќе да молчиме. Без разлика на вашата политичка припадност, ве повикуваме да се спротиставите на груевистичкиот режим. За жал, успеаа да ги партизираат и универзитетите уништувајќи им ја автономијата.“ -рече Алексовски.

На Граѓанскиот парламент, денеска се приклучи и првиот човек на Либералната партија, Љупчо Нечковски. Тој истакна дека ветените реформи од пред 7 години, ја однеле земјава во погрешен правец.

Пред  седум години, нашата партија застана зад реформите и обновата во 100 чекори. Сметавме дека таа е реална и остварлива. Но не биднаа ниту чекорите, ниту реформите. Ние сите започнавме со работа во 90-тите години, за кои власта смета дека се најцрни и најтешки. Кога дојде 2006-та година, поради најавените реформи луѓето и фирмите се задолжија, со надеж дека капиталот ќе се оплоди. Но секое утро се будевме со нов данок, кој го исцица стопанството. Кажаа дека нацијата ни се губи. Ја зафатило бела чума. Ако ова е бела чума, каква чума е што нашите деца заминаа од факултетите право во странство.“ – вели Нечковски.

Граѓанскиот парламент продолжува и утре, пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ во централното градско подрачје, од 18 часот.

ОhridNews