Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ денеска во Охрид со почеток во 18 часот по петти пат ќе се организира мирен протест, на кој граѓаните ќе имаат можност да го изразат своето незадоволство од моменталната состојба во Македонија и одлуките на актуелната власт. Според најавите протестот ќе започне на плоштадот кај „Чинарот“.
Слично како и во другите градови преку протестот во Охрид, граѓаните ќе побараат оставка на Претседателот на Републиката поради одлуката за аболиција; отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.
Претходниот протест на граѓанското движење „Протестирам“ во Охрид се одржа на 27-ми април, кога во исто време протестираа и поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија-ГДОМ.
Освен во Охрид, Граѓанското движење „Протестирам“ деновиве организира протести и во Скопје, Битола, Куманово, Велес, Штип, Прилеп, Тетово и Струмица.
OhridNews













