Царинската управа на Република Македонија во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје, во период од 16-ти до 26-ти мај 2016 година,  во Охрид одржа напредна обука за управување со чамци, како продолжение на основната обука за управување со чамци која се одржа во текот на минатата година.  

Напредната обука за управување со чамци била наменета за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Освен теоретските предавања, дел од обуката се реализирала и практично – со пловидба и обука за координација на тимот, како и техники за управување со ризик.

-Целта на оваа обука беше развивање на програмата за мали чамци преку користење на националните капацитети. Преку оваа обука учесниците се здобија со  знаење за функционирање на радарот, електронска навигација со користење на ГПС уред на означена мапа плотер, планирање и извршување на шеми за потрагa односно пребарување и напредни вештини за управување со мали чамци, информираат од Царинската управа.

Покрај претставниците од Македонија, учесници на обуката биле и претставници од Царините на Албанија и Косово.

OhridNews