Попладнево на теренот на ФК „Караорман” во Струга во период од 17,00 до 19,00 часот ќе се одржи Грасрут настан на кој учество ќе земат 190 деца на возраст од 7 до 12 години – фудбалери од повеќе фудбалски клубови ширум земјава.


Учесниците, своите фудбалски вештини ќе ги покажат на десет различни полигони на кои очекуваме многу фудбал, многу дружење како и многу возбудливи моменти и постигнати голови.

За сите учесници Фудбалската Федерација на Македонија обезбеди комплет шорцеви и спортски гаќички, а по завршувањето на настанот ќе им бидат доделени и Грасрут – дипломи.

Ohridnews