Во допис до медиуми граѓани се жалат за неуреденост на градските гробишта. Велат се плаќа гробарина, а истите не се средени и се обраснати со трева.

Од ЈП „Градски гробишта“ Охрид, со спротивен став, велат редовно се одржуваат површините низ градските гробишта.

Ве известуваме дека се врши редовно и непрекинато чистење, метење и косење на површините низ градските гробишта, секојдневно и согласно потребите. Истото непрекинато ќе продолжи да се спроведува и во иднина, додаваат од претпријатието.

Н.С.Ј.