Одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, годинава најде посебно место во грчкиот медиум tastv.gr. кој пред својот аудиториум ги презентираше автентичните вредности и го мапира Охрид како дестинација која го негува културниот и религиски туризам.
Покрај информациите за продлбочувањето на соработката помеѓу Охрид и Воден грчките гледачи имаа можност да го проследат и осветувањето на водите на Охридското Eзеро. Со нескриено задоволство, репортерот на грчката телевизија зборуваше за посветеноста и ентузијазмот со кои верниците го одбележаа големиот ден на Православието.
OhridNews