Денес во 1.50 часот на магистралниот пат од село Подмоље кон Охрид, полициски службеници издале наредба за запирање на патничко моторно возило „Сеат Ибица“ со грчки регистарски ознаки. Возачот сопрел по втората издадена наредба за запирање на возилото.
Кога полициските службеници се доближиле до автомобилот, возачот го стартувал наназад, по што со задната лева страна удрил во левата нога, во пределот на коленото, на полицискиот службеник. Со цел заплашување и запирање на автомобилот, другиот полициски службеник испукал еден куршум во воздух со службено формациско оружје, по што возачот запрел и бил легитимиран. Се работи за грчки државјанин од Лерин.
На полицискиот службеник му е укажана лекарска помош, по што е пуштен на домашно лекување. Во текот на денот, грчкиот државјанин со соодветна пријава ќе биде предаден до Основното јавно обвинителство во Охрид.