Грчкиот тенисер Константинос Микос доживотно е суспендиран од тенисот поради кршење на правилата за обложување.


Микос година дена беше под истрага и неделава на спортскиот суд беше прогласен за виновен по што следуваше отстранување доживотно од тенисот.

Иначе, истрагата покажа дека Микос на својот сонародник Александрос Јакиповиќ во 2013 година му понудил одредена сума на пари да го договорат натпреварот. Исто така Микос бил забележан дека уплаќа огромна сума на пари на мечеви во кој и тој самиот учествувал.

Суспензијата стапи сила веднаш после пресудата.

OhridNews