Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас доаѓа во возвратна посета на Скопје на разговори со неговиот колега Никола Димитров. Коѕијас ќе се сретне и со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев и со вицепремиерот Бујар Османи. Планирани се и средби со претставници на парламентарните партии.

Ќе се разговара за мерките за градење доверба и состојбите во регионот.

За време на средбата на Коѕијас и Димитров во Министерството за надворешни работи протест најавија од Светскиот македонски конгрес и од Македонски манифест. Тие бараат македонските партии да се согласат за црвените линии на Македонија во однос на спорот со името, а тоа е неменување на уставното име на државата.

OhridNews
Макфакс