Фудбалскиот шампион на Грција екипата на Олимпијакос би можел да биде исфрлен од првата лига, доколку се докаже дека учествувал во местење на резултати.

Грчкиот фудбал последната недела го тресат многу афери околу бројни нерегуларности. Меѓу обвинетите се наоѓаат и претседателот на Олимпијакос, Вангелис Маринакис, кој воедно е и претседател на Лигата, како и напаѓачот Аврам Пападопулос кој е исфрлен од репрезентацијата.

Обвинителот кој е задолжен за овој случај, Андреас Факос, изјави дека доколку се докаже вината и Олимпијакос како и другите осомничени клубови ќе мора да биде префрлен во понизок ранг. Тој дополни дека се собира документацијата и кога ќе биде составено обвинението ќе започне судскиот процес.

Покрај Олимпијакос, од прволигашките екипи за местење на натпревари се обвинети Кавала, Керкира, Олимпијакос Волос и Етникос Астерас, како и половина од второлигашките екипи.

“макфакс“
Ohridnews