Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку одново е мета на Челси кој ќе прави реконструкција на екипата во летниот преоден рок.


Лукаку брилира во дресот на Евертон во Премиер лигата, а „карамелите“ токму од Челси го откупија робусниот напаѓач кој повеќе минуваше на позајмици него во дресот на „сините“.

Евертон за 13 милиони евра го обезбеди потписот на Лукаку, а моментално неговата откупна клаузула изнесува 56 милиони евра, која клубот од Стемфорд Бриџ подготвен е да ја плати.

Следната сезона најверојатно ќе има менаџерска промена и функцијата во Челси ќе ја извршува Антонио Конте, затоа и се повеќе се пишува за нови засилувања.

Во фокусот покрај напаѓачот е и Миралем Пјаниќ од Рома. „Сините“ се уште немаат испратено официјална понуда до „волчицата“, која би требало да изнесува од 25 до 30 милиони евра.

OhridNews