Селекцијата на Хрватска ќе продолжи да сонува за европското злато. „Коцкастите“, ниту во третиот обид не успеаја да стигнат до титулата која им недостига. Неприминлива пречка за хрватите беше репрезентацијата на Шпанија која со 22-20 славеше во финалето.

Еден од одлучувачките моменти во финалето беше грешката во чекори на Игор Карачиќ. Поранешниот ракометар на Вардар во 59-та минута погрешно ја водеше топката, а македонските судии Начевски-Николов исправно му досудија чекори и му ја одзедоа топката. Во следниот напад Шпанија реализираше преку Алекс Душабајев и стигна до победа вредна златен медал. Во последниот тајм аут, селекторот на Хрватска Лино Червар бесот за поразот го искали со пцуење на македонските судии.

OhridNews
Начевски и Николов маестрални, Шпанија старо-нов ракометен шампион на Европа!