По серијата откажувања со кои се соочи селекторот Марин Докузовски, челните луѓе на Македонската кошаркарска федерација, мораа да побараат надворешно решение за позицијата еден во репрезентацијата.
Една од „опциите“ е Американецот Маркиз Грин (28), кој зад себе има извонредни настапи во првенствата на Франција, Турција и во Италија, каде што важи за еден од подобрите плејови последнава деценија.
– Ме контактираа луѓето од МКФ и јас одлучив дека е одлична можност да се приклучам на репрезентација, која ќе се натпреварува за учество на европскиот шампионат. Ги запознав репрезентативците и мислам дека се работи за квалитетен тим. Се надевам ќе успееме да стигнеме до целта – рече Грин по тренингот во Охрид каде нашиот тим се подготвува за августовските квалификации за ЕП 2011.
Грин е одличен плеј, во своите настапи во Евролига за Авелино имаше одлични 7 асистенции по натпревар, на кои придодава и 13,3 поени и 4 скока.
Тој истакна дека за него е голема чест што ќе игра за Македонија и дека ќе даде голем допринос да биде дел од ЕП во Литванија 2011 година.
– Не ги познавам останатите тимови, но тоа не ме интересира. За мене е најважно со работа да се наметнам кај селекторот. Играњето на ЕП е голема шанса за мене бидејќи ретки се кошаркарите кои добиваат можност да учествуваат на големи натпреварувања – завршува Грин.
Вардар денеска во Охрид ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона од Регионалната лига Противник на македонскиот првак ќе биде Војводина, а средбата ќе се одигра во СЦ „Билјанини Извори“ Двете...
Во Охрид изминатиот викенд се одржаа низа спортски настани во рамки на спортската програма на Ohrid Water Festival 2026 Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност д...
Четири натпревари и дури 35 погодоци ја одбележаа синоќешната програма на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Најефикасна беше пресметката меѓу Охридски бисер Филев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.