Во градската општа болница во Скопје, како последица од компликации од грип почина  уште едно лице, кое како итен случај пред два дена било донесено во дежурната служба и примено на Одделот за интензивна нега.

На лицето му било дијагностициран грип од типот Х1Н1, а веднаш била поставена антибиотска терапија и тамифлу. Но и покрај преземените мерки, лицето починало.

Ова е пета жртва од грипот за неполн месец, а претходно четворицата починати имале хронични заболувања.

Инаку, како што соопштуваат од Центарот за јавно здравје, за само една недела регистрирани се нови 2 630 луѓе со симптоми на грип.

OhridNews