На инфективната клиника во Скопје како последица од компликации од грип почина  уште едно лице, кое претходно боледувало од хронични болести.

Ова е четврта жртва од грипот за неполн месец, а тројцата претходно починати исто така имале хронични заболувања.

Минатата недела од Центарот за јавно здравје соопштија дека 2.400 луѓе биле се симптоми на грип. Најмногу од заболените се со вирусот Х1Н1.

OhridNews