Станува збор за пациент, роден 1961 година, кој бил хоспитализиран на Инфективна клиника на 23- ти јануари во изразито тешка општа состојба. На пациентот веднаш му била дадена адекватна антибиотска комбинирана терапија, но и покрај напорите на лекарите во текот на вчерашниот ден била констатирана смрт.
Инаку, во текот на минатата недела на Инфективната клиника, амбулантски биле прегледани 126 лица со симптоми на грип, при што дел од нив биле хоспитализирани со лесна и со средно-тешка симптоматологија, во моментов нема хоспитализирано пациенти на одделот за интензивно лекување.
Макфакс