Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја запре постапката против фудбалерот на Ливерпул, Мамаду Сако која ја покрена поради позитивен тест на допинг контролата по мечот со Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.
Прво клубот од Енфилд, а потоа и УЕФА го суспендираа Сако на крајот од април месец откако недозволено конзумирал таблети за согорување на масни наслаги.
Сако призна дека на своја рака конзумирал таблети, а светската анти-допинг агенција го испита случајот и донесе одлука да му биде укината суспензијата.
Ова се добри вести за менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп кој беше подготвен да купува нов дефанзивец во случај на неповолна разврска.
OhridNews