Потполното опоравување на Вејн Руни и Фил Џонс е добра вест за менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал во пресрет на дуелот со Саутемптон во недела во 17 часот.


Капитенот на Манчестер Јунајтед, Руни ги пропушти мечевите со Ливерпул и ПСВ Ајндховен во Премиер лигата односно Лигата на Шампиони додека Џонс се уште сезонава нема запишано настап на официјално натпреварување.

Сепак, Јунајтед се уште трепери за Лук Шо кој се здоби со страотна повреда на мечот со холандскиот првак во ЛШ. Тој ќе подлегне на уште една операција откако првата беше успешно, но не и доволна.

Навивачите на Саутемптон и Јунајтед во 23-та минута од мечот со громогласен аплауз ќе го поздрават Шо кој токму од стадионот на светлината се пресели на Олд Трафорд.

Мх.П.